Актуелности :
Се промовира книга со тема за сексуална едукација
03 јуни 2008 година – Книгата „Сексот и љубовта, еден енигматичен лавиринт”, од авторот проф. д-р Амзи Зимбери, е најновото негово дело. Промоцијата се реализираше во амфитеатарот на Ректоратот на ДУТ, на 3 јуни, во која учествуваа голем број студенти, професори и обожаватели на научното творештво. По овој повод, говор одржа рецензентот на оваа книга, проф. д-р Авзи Мустафа, кој зборуваше за значењето на оваа книга, го нагласи и тоа дека сексот е сеуште табу тема и тема
непријатна за дискусија.

„Ова претставува едно комплетирано дело од областа сексуалната едукација, прва од овој вид во албанската култура”, рече еден од рецензентите, проф. д-р Авзи Мустафа. Тој подвлече дека, ако се направи увид во библиографијата и досегашните објавени трудови на авторот, од областа на сексуалната едукација, може да се заклучи дека сексуалното воспитание целосно беше ставено настрана, додека објавувањето на оваа книга дава силни сигнали за сеопфатни истражувања во областа на сексуалната едукација.

Од друга страна, проф. д-р Сунај Раими во својство на втор рецензент, нагласи дека третирањето на една ваква тема, која во нашето општество уште се смета за анатема, е големата храброст на професорот Амзи Зимбери, „Освртот без ракавици на авторот, претендира на познавање на енигмата на сексот и императивот на сексуалната едукација, додека еден посебен сјај на книгата и дава и емпириското истражување, поткрепено со познавањата на професорот за сексуалната тематика кај помладата генерација”, рече професорот Сунај Раими. Додека, проф. д-р Салајдин Мехмети го нагласи и тоа дека да се зборува за љубовта не е ерес, од проста причина што таа подразбира зборување за најосновната и најреалната потреба на секое човеково суштество, базирајќи се на делото на Ерих Фром „Уметноста на љубовта“. „Книгата која денеска е пред вас, ја претставува објективната страна на животот и сексуалните проблеми со кои се соочува сегашната младина. Ова е многу специфична книга и е од големо значење за културата“, рече професорот Салајдин Мехмети. Тој нагласи дека вакви книги имаат можност да пишуваат само храбрите автори и со широк дијапазон на знаења за општеството и природата. Авторот на книгата, за оваа пригода напомена дека од почетокот кога одлучил да и се посвети на оваа тема, бил спремен за секаков вид критика. Според авторот, младината сексуалниот живот го почнува неподготвена, односно недоволно сексуално едуцирана. „Започнувањето на љубовните врски и првите сексуални односи на младите може да ги споредуваме со еден лавиринт, во кој младите влегуваат внатре и немаат можност да се повлечат без последици”, рече авторот, зборувајќи за темата на книгата.
Канцеларија за информирање
Државен Универзитет во Тетово

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222
e-mail: international@unite.edu.mk
WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се