Актуелности :
Американската советничка за бизнис и политика, Ен Е.В. Стоун одржа предавање на ДУТ за изборниот процес во САД
5 јуни 2008 – Основачката на The Stone Group, Inc. - приватна американска фирма за создавање стратегија на кампањите и односите со јавноста, г-ѓа Ен Е.В.Стоун, престојуваше во Државниот Универзитет во Тетово, со посредство на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

По тој повод таа пред студентите одржа предавање на тема: „Карактеристиките, динамиката и изборниот процес во САД”. Сконцентрирана на актуелниот претседателски изборен систем во Америка, таа даде објаснување за постапката за селекција на делегатите во американските држави, постапката за избор на претседателските кандидати во националната конвенција и за системите на селекција во зависност од тоа како ги практикуваат државите, споредувајќи ги предностите и недостатоците на одредени системи.

Госпоѓата Стоун се задржа на актуелната предизборна претседателска кампања во Америка и донесе некои заклучоци. Според неа, демократите во Америка ја реализираа најголемата кампања во историјата на изборите во Америка за избор на претседателскиот кандидат од редовите на Демократската партија.. „ И републиканците од нивна страна не останаа поназад на овие силни внатрешни избори за нивниот кандидат.”, истакна г–ѓа Стоун. Потоа таа ги насочи и најзначајните точки на оваа кампања на двата политички блока, потенцирајќи ги најважните моменти кои според неа влијаеле на резултатите. Селекцијата за избор на кандидатите влијаеше на резултатот за номинација на кандидатите за претседател. „Обама, покрај краткото искуство како сенатор на Илиноис, со една одлична стратегија, преку користење на интернетот, успеа да повлече големи фондови за неговата кампања, и успеа на крај да победи во конкуренцијата за кандидат на демократите за претседател на САД. Од друга страна кампањата на госпоѓата Клинтон покажа дека поради предвремената изјава, дека на 5 февруари се ќе се заврши, игнорирајќи ги капацитетите на екипата на Обама, ја доведе до неуспех.“, нагласи госпоѓа Стоун.

Предавањето продолжи со отворена дебата, со прашања за претседателските избори во САД, во која се дискутираше и за идеолошкиот пристап на најголемите политички партии во Америка, како и за таксите, силата на лобирањето, нивната сила и влијанието и др. Госпоѓата Ен Стоун беше придружена од страна на високите структури на Државниот Универзитет Во Тетово, исто така реализираше и други одделни средби од работен карактер. Ен Стоун раководи со приватната компанија за совети од областа на бизнис и политика, обуки и анализи во повеќе од десетина европски држави, Далечниот Исток, Јужната Азија и Јужната Африка. Таа работеше и како советничка и амбасадорка на добрата волја во неколку држави. Позната е како активистка за заштита на правата на жените и на половата рамноправност.
Канцеларија за информирање
Државен Универзитет во Тетово

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222
e-mail: international@unite.edu.mk
WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се