Актуелности :
Кукс, 13-14 јуни 2008 – се одржа самит на албанофонски универзитети
На 13 и 14 јуни во градот Кукс (Албанија) се организираше самит на албанофонските универзитети во кој се формираше Мрежа на албанофонски универзитети, иницирана од Универзитетот во Тирана и поддржана од сите јавни и некои приватни универзитети од Албанија, Македонија и Косово. Оваа иницијатива ја поздрави и премиерот на Албанија, г. Сали Бериша кој го поддржа овој проект, инициран од страна на Универзитетот во Тирана, и им се заблагодари на сите претставници од другите универзитети за нивната поддршка. Тој, меѓу другото, потенцираше дека ваквите иницијативи кои ги обединуваат Албанците на академско поле и истото претставува еден од најважните чекори кон таа цел.. Овај самит го поздравија и Ректорот на ДУТ, проф. д-р Сади Беџети и Ректорот на ЈИЕУ, проф. д-р Алајдин Абази.

Статутот, актите за основање на Мрежата на албанофонските универзитети беше потпишан од страна на Ректорите и другите претставници на Универзитетот во Тирана, Политехничкиот универзитет во Тирана, Академија за уметности, Академија за спортови, Универзитетот во Приштина, Државниот Универзитет во Тетово, Универзитет на Југо - Источна Европа - Тетово, Земјоделскиот Универзитет во Тирана, Воениот универзитет „Скендербег”, Универзитетот „Исмаил Ќемали” во Валона, Универзитетот „Александар Џувани” во Елбасан, Универзитетот „Еќрем Чабеј” во Гирокастра, Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи” во Скадар, Универзитетот „Фан. С. Ноли” во Корча, Универзитетот Александар Моисиу” во Драч, Универзитетот „УФО” во Тирана, Универзитетот „Кристал” во Тирана, Универзитетот „Луараси” во Тирана, Европски Универзитет во Тирана, со кој се согласија за зајакнување на академската, научната и културната соработка помеѓу универзитетите.

Предмет на оваа мрежа е подобрување на квалитетот во високото образование на албанофонските универзитети преку соработка, создавање заеднички програми за постдипломски студии, реализација на заеднички проекти, како и апликација во научните програми нудени од Европската заедница и меѓународните организации, мобилноста на академскиот став и студентите.

Претседател на Мрежата едногласно се избра проф. д-р Дори Куле, Ректор на Универзитетот во Тирана. Во рамки на оваа манифестација се организираше и посета на Куќата музеј на Призренската Лига, Аеродромот во Кукс и на магистралата Драч-Кукес-Морина.
Канцеларија за информирање
Државен Универзитет во Тетово

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222
e-mail: international@unite.edu.mk
WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се