Актуелности :

 

14 јуни 2008  година – Годишна изложба на студентите од Ликовната уметност при ДУТ

 

Студентите од студиската програма  Ликовна уметност при Државниот Универзитет во Тетово, во просториите на Факултетот за уметности ја организираа годишната изложба. Студентите од насоките за сликарство, графика, вајарство и графички дизајн, подготвија стотина уметнички дела, кои ги изложија пред љубителите на уметноста.

 

По повод свеченото отворање, на присутните им се обрати деканот на Факултетот за уметности, доц. м-р Сафет Спахиу. Тој го изрази своето задоволство за трудовите на студентите. „уметничките дела на студентите ги покажуваат способностите на студентите и на нивните професори од државниот Универзитет во Тетово. Јас како декан и другите професори се гордееме со овие студенти и нивните дела. Оваа изложба претставува заокружување на нивната едногодишна работа, како и на заедничка работа помеѓу професорите и студентите. Ова го докажуваат и реализираните дела на студентите, бидејќи уметниците подобро се изразуваат преку нивните уметнички остварувања отколку усно”, рече меѓу другото деканот на Факултетот за уметности.

 

Во името на Ректорот на ДУТ, на присутните им се обрати и Генералниот секретар на Универзитетот, Али Салихи, кој ги поздрави студентите за своите реализирани дела.

За овој повод Факултетот за уметности додели и награди за најдобрите студенти, и тоа: Бадеме Спахиу, како најдобра студентка за сликарство, Хилми Мехмети, за најдобар студент за вајарство, Нагип Исмаили, за графика и Енеса Ислами за најдобра студентка на годината. Присутни на свеченото отворање на изложбата беа студенти, професори, претставници од амбасадите и други дипломатски претставништва во Скопје, како и други љубители на уметностите.

 

На крај се организираше и еден коктел за присутните. Годишната изложба на студентите од ликовната уметност е традиционална манифестација, покрај манифестациите на другите факултети при Државниот Универзитет во Тетово.

Канцеларија за информирање

 

 

 

 

 

 

Државен Универзитет во Тетово

 

 

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222

e-mail: international@unite.edu.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Барај во google :

WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се