Актуелности :
Деканот на Факултетот за архитектура при Универзитетот во Тексас одржа предавање на ДУТ
18 јуни 2008 година – професорот Frederick Steiner, декан на Факултетот за архитектура и планирање при Универзитетот во Тексас, од градот Аустин на Соединетите Американски Држави престојуваше во Државниот Универзитет во Тетово.

По овој повод, пред студентите и професорите на Факултетот за применети науки, тој одржа едно комбинирано предавање со презентација на теми од областа на просторното планирање и планирање на животната средина, теорија и пракса на архитектурата во САД, проценување на земјата и анализа на погодноста во планирањето на животната средина.
Меѓувремено, професорот Frederick Steiner реализираше и средба со Ректорот на ДУТ, проф. д-р Сади Беџети, на која се дискутираше за Факултетот за применети науки и студиските програми кои им припаѓаат на оваа студиска област како и за проектите во иднина.

Професорот Steiner има големо професионално искуство. Како истражувач е насочен кон прашањата за развојот на животната средина, како во урбано така и во просторно ниво. Има објавено повеќе наслови од областа на архитектурата и просторното планирање. Предавач е на стручните предмети Вреднување на животната средина и Анализа и теорија на архитектура.

Посетата на Државниот Универзитет во Тетово беше организирана од страна на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, покрај предавањата и средбите во Министерството за животна средина и просторно планирање, Американските канцеларии во Скопје, Тетово и Битола, националните паркови во Битола и Охрид, како и во другите институции.
Канцеларија за информирање
Државен Универзитет во Тетово

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222
e-mail: international@unite.edu.mk
WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се