Актуелности :

 

Летната економска школа 2008 во Охрид, се заокружи 3 годишниот проект

 

 

Во рамките на проектот Темпус, Економскиот факултет за трет пат ја организира летната економска школа Охрид 2008, од  22 до 28 јуни, во соработка со универзитетите партнери на проектот, како Универзитетот Staffordshire од Англија, Универзитетот Vaxjo од Шведска, како и Free University од Брисел и Берлин.

 

Централна тема на ова летна школа е “Business and Economics Education in State Univeristy of Tetova”, како заокружена тема на 3 годишната работа во рамките на проектот Темпус за развојот на курикулите и напредувањето на наставниот кадар на Економскиот факултет при државниот Универзитет во Тетово. Свеченото отворање на летната школа ја изврши деканот на Економскиот факултет, кој им се заблагодари на сите институции партнери во проектот за успешното завршување на предвидените активности. Генералниот секретар на ДУТ, Али Салихи во името на ректорот на ДУТ, проф. д-р Сади Беџети и на раководството на Универзитетот им изрази благодарност за поддршката и помошта дадена од страна на европските универзитети партнери на проектот, во правец на развојот на плановите и програмите на насоките од Економскиот факултет. По овој повод говор одржа и проф. Ирај Хаши, главен координатор на проектот, кој ги оцени сите предвидени 3 годишни активности за многу успешни, и покажа оптимизам за проекти и соработка и во иднина.

 

Во рамките на еднонеделното професионално училиште од областа на економијата учесници се професорите од универзитетите партнери, како професор Ирај Хаши и професор Geoff Pugh (Универзитетот Staffordshire), професор Harald Niklasson и Senada Bahto (Универзитетот Vaxjo), Mark Leys (Брисел) , професори од Универзитетот во Приштина и Универзитетот Реинвест, меѓу кои д-р Селман Селманај, д-р Мухамет Мустафај, м-р Бесник Красниќи, деканот на Економскиот факултет од Универзитетот во Тирана, д-р Омер Стринга, како и наставниот кадар од економскиот факултет при Државниот Универзитет во Тетово. Покрај сумирањето на резултатите и ефикасноста на проектот,во текот на неделата учесниците ќе ги презентираат и научните трудови и ќе се организираат работилници особено од областа на економетријата.

 

Канцеларија за информирање

 

 

 

 

 

 

Државен Универзитет во Тетово

 

 

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222

e-mail: international@unite.edu.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Барај во google :

WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се