Актуелности :

 

Осма семинарска недела на инфермиерство: „Унапредување на инфермиерството во Југоисточната Европа”

 

30 мај 2008 година, петок Во поглед на посебните програми „Академска обнова во Југоисточна Европа”, проект раководен од Институтот за медицински науки и инфермиерство на Универзитетот Martin Luther во Halle Wittebmerg во соработка со Универзитетот во Приштина, Департментот за инфермиерство и медицински сестри, студиската програма Инфермиерство при Државниот Универзитет во Тетово, Факултетот за инфермиерство во Тирана, Технолошкиот универзитет, Факултетот за инфермиерство во Валона, се организира осмата семинарска недела за инфермиерство во град Тетово.


Овој проект Програма за академска обнова во Југоисточна Европа, финансиран од DAAD, има цел за подобрување на квалитетот на образованието во Универзитетот преку обработка и етаблирање на методите и стандардите на квалитетот и промоција на наставата и истражувањето; создавање на една мрежа за соработка помеѓу универзитетите во регионот и Германија; обезбедување  наставни средства и литература; организација на стручни конференции; професионални курсеви за доценти и студенти во областите кои се однесуваат на инфермиерство и организирање  практична работа; професионална работа и други меѓу универзитетски целни групи.


Учесниците од горенаведените универзитети, како дел од раководителите на проектот, престојуваа во ректоратот на Државниот Универзитет во Тетово и беа пречекани од Ректорот на ДУТ, проф. д-р Сади Беџети, кој го поздрави организирањето на осмиот еднонеделен семинар, во рамките на проектот. „Со акредитацијата на Факултетот за медицински науки, со општата медицина и стоматологија, со постојните студиски програми за инфермиерство и фармација, како и земањето на користење на просториите и кадар од Тетовската градска болница, Државниот Универзитет во Тетово ги има сите предуслови за успешно изведување на студиите од областа на медицината. Ние како универзитет сме многу заинтересирани за регионална и меѓународна соработка, затоа овој проект и оваа семинарска недела е многу плодна за сите универзитети учесници”, нагласи Ректорот Беџети.
 На Осмата семинарска недела предвидениот дел во Тетово е одржан во периодот од 28 до 30 мај 2008 година.

Канцеларија за информирање

 

 

 

 

 

 

Државен Универзитет во Тетово

 

 

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222

e-mail: international@unite.edu.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Барај во google :

WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се