Актуелности :

 

Организација  „Помош од човек за човек” - со иницијатива за лиценцирани курсеви на германскиот јазик на ДУТ

 

Претставниците на хуманитарната организација „Помош од човек за човек” (Hilfe von Mensch zu Mensch), г. Dieter Hutter и госпоѓата Sadija Klepo престојуваа на Државниот универзитет во Тетово. Цел на посетата беше започнување соработка со организацијата, како и претставување на истата во правец на организирање лиценцирани курсеви за изучување на германскиот јазик како странски јазик, за студентите и граѓаните.


Организацијата „Помош од човек за човек” има лиценца за организирање курсеви по германски јазик и надвор од Република Германија, по зацртаната нова стратегија, од 1 март оваа година, ограничување за влез во Германија без познавање на германскиот јазик. Заедничкиот проект предвидува организација на курсеви за стекнување лиценца A1 за посетителите на курсеви. Ова е задолжителен сертификат за студентите и граѓаните на Република Македонија за влез на територијата на Германија, за вработување, престој или студирање во Германија. Истиот ќе се реализира преку основање на  лиценциран центар во ДУТ, за организација на курсеви за студентите и граѓаните на Република Македонија. Посетителите на курсот ќе имаат право на стекнување на сертификатот A1, побаран од Амбасадата на Република Германија за средување на документацијата за патување во Германија. Во името на Ректорот на ДУТ, проректорот за настава, проф. д-р Агим Вела и проректорот за наука, доц. д-р Агим Шабани ја поздравија иницијативата преземена од страна на организацијата „Помош од човек за човек”.


„ДУТ има склучен договор за соработка со повеќе универзитети во кои наставата се одвива на германски јазик, и во кои договори е предвидена и размена на нашите студенти и асистенти. Затоа постоењето на овој центар, кој овозможува вакви курсеви во нашиот Универзитет, истовремено претставува и една привилегија за нас, да им овозможиме на нашите студенти, нашиот наставен кадар па и на граѓаните на нашата земја, можност за следење курсеви и здобивање на потребен сертификат за патување во Германија”, нагласи проректорот за настава проф. д-р Агим Вела. Проректорот за наука, доц. д-р Агим Шабани ги информираше претставниците на оваа организација за инфраструктурата на ДУТ, и дека Универзитетот има капацитети и можности да ги организира овие курсеви, се разбира во соработка со наставниот кадар од Германија.  „Имајќи го предвид големиот број  граѓани од Македонија, посебно од албанската етничка заедница и други, во Репубика Германија, од друга страна и ограничувањата за студирање и дозвола за престој, оваа иницијатива е многу позитивна и постоењето на оваа можност е повеќе од потребна.”, рече проректорот Шабани.
Г-ѓа Sadija Klepo од организацијата “Помош од човек за човек”изрази оптимизам за овој проект. „После 1 март, со некои измени иницирани од страна на самата германска канцеларка Merkel, се овозможува организација на курсеви за интеграција, за германскиот јазик како странски јазик и во други земји надвор од Германија, од повеќе лиценцирани организации лиценцирани од страна на Министерството за образование. Ние веруваме силно дека со понудените услови од страна на Државниот Универзитет во Тетово и желбата за реализација на овој проект, многу брзо ќе го инаугурираме Центарот за курсеви на германскиот јазик во Државниот Универзитет во Тетово, со право на доделување сертификат A1. Проектот ќе биде и  обемен и предвидува обука за асистенти и студенти од ДУТ во Центарот за јазици за оваа организација во Минхен”,  рече г-ѓа Klepo.

Канцеларија за информирање

 

 

 

 

 

 

Државен Универзитет во Тетово

 

 

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222

e-mail: international@unite.edu.mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Барај во google :

WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се