Актуелности :
ФРАНЦУСКАТА АЛИЈАНСА ВО ТЕТОВО ЗАПОЧНА СО ОРГАНИЗИРАЊЕ ЦИКЛУС НА КОНФЕРЕНЦИИ
Овие конференции ги одржува г. Dominique Durand, технички асистент во Агенцијата за судии и правобранители во Скопје.
Секоја конференција ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае 45 минути.
Тие ќе бидат отворени за студентите на Правниот Факултет и на Студиските програми Француски јазик и книжевност, при Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа.
Студентите кои сакаат да учествуваат треба да се пријават најмалку 5 дена пред одржувањето на секоја конференција, преку е-маил адресата на Француската Алијанса: aft@aft.org.mk
Датата, местото, темата и јазикот на кој ќе се преведуваат предавањата се објавени во Програмата на Конференциите.
На 26.02.2008 година, во Амфитеатарот на Правниот Факултет, беше инаугурирана првата сесија на предавањата од г. Dominique Durand, технички асистент во Академијата за судии и правобранители во Скопје. Овие предавања се организираат од страна на Француската Алијанса во соработка со Канцеларијата за меѓународни односи при ДУТ.

На ова предавање се третираше темата на Транспортот на дрогата и законските аспекти. За дополнителни информации во врска со распоредот на предавањата, уписот на учесниците и темите кои ќе се разгледуваат на другите предавања, контактирајте ја Канцеларијата за меѓународни односи, во Ректоратот на ДУТ.
ПРОГРАМА НА КОНФЕРЕНЦИИТЕ
Канцеларија за информирање на ДУТ
Државен Универзитет во Тетово

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222
e-mail: international@unite.edu.mk
WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се