Актуелности :
УНЕСКО објави конкурс за наградата Коменски
Националната Комисија на УНЕСКО ги покани сите држави членки да ги достават нивните кандидатури за предавач (педагог) истражувач во областа на образованието или група педагози (воспитачи-истражувачи) за наградата Коменски.
Оваа награда е основана во 1922 година од страна на генералниот Директор на УНЕСКО и министерот за образование, наука и спорт на Република Чешка, по повод 400 годишнината од раѓањето на еден од најголемите педагози на светот, Јан Амон Коменски. Целта е да се наградуваат достигнувањата и иновациите во областа на воспитанието, истражувањата во областа на образованието и конкретни примери на лични посветувања од областа на образованието и идеалите на УНЕСКО.
Свеченоста на доделувањето на наградите ќе се одржи на 48 седница на Светската конференција за образованието, која ќе се одржи во Женева, од 25 до 28 ноември 2008 година. Заинтересираните кандидати за номинација за оваа награда треба да го известат Министерството за образование и наука, најкасно до 1 март 2008 година, за да се овозможи да се превземаат сите понатамошни активности.
По веќе информации во врска со оваа награда можете да добиете на:
http://www.ibe.unesco.org
Додека, статутот на оваа награда можете да го пронајдете на:
http://www.ibe.unesco.org/international/ice47/English/Organisation
/Events/comenius_medal_statutes.htm
Државен Универзитет во Тетово

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222
e-mail: international@unite.edu.mk
WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се