Актуелности :
Известување за студенти апсолвенти
Во 2008, програмата на холандското Министерство за надворешни работи МАТРА/МТЕС
(Матра обука за европска соработка) која има за цел обучување за државни службениции и ново-дипломирани студенти со висок потенцијал на теми релевантни за добро управување како и формирање на долготрајни врски помеѓу учесниците во овие програми, се отвори и за Република Македонија. Во овој контекст, за академската 2008/2009 година обезбедени се неколку стипендии за после дипломски студии за успешни студенти кои се во последната година на нивните студии и очекуваат да дипломираат во наредните неколку месеци на следните факултети,односно студии:
-Jавна администрација(University of Twente-последен рок за пријавување 1 јули 2008)
-Јавно здравство (Maastricht University – последен рок за пријавување 1 мај 2008г)
-Меѓународно и европско право (Universiteit van Amsterdam – последен рок за пријавување 1 јуни 2008 г)
За секоја од горенаведените програми се објавени и брошури кои можете да ги преземете од интернет страницата на CROSS, холандската владина агенција надлежна за соработката во сферата на образованието меѓу Холандија и земјите од централна и источна Европа (www.cross-agency.nl; под МТЕС во делот на academic programmes ). Во истата страница, може да најдете подетални информации во врска со целосната процедурата за аплицирање.Сите апликации се поднесуваат директно во Холандија, додека хартиена копија на апликацијата се доставува до холандската амбасада во Скопје.Конечната селекција на кандидатите се врши при самите горенаведени универзитети.
Државен Универзитет во Тетово

Државен Универзитет во Тетово
Улица Илинден бб, 1200 Тетово, Република Македонија
Tel: +389 44 356 500
Fax: +389 44 334 222
e-mail: international@unite.edu.mk
WEB MAIL Sign in apo Регистрирај се