Инаугурација на новиот објект на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана во Гостивар
Државниот Универзитет во Тетово, одбележи едно од најголемите достигнувања од неговото официјализирање во 2004 година.

Во присуство на голем број на луѓе кои го сакаат образованието, политички претставници, претставници на дипломатскиот хор, како и наставници и студенти на универзитетот, во Гостивар се пушти во употреба новата зграда на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана, кој од вчерашниот ден, својата активност ќе ја врши во Гостивар.

Свеченото отворање на зградата со пресекувањето на лентата, ја вршеа, Ректорот на ДУТ, проф. д-р Агрон Река, Министерот за образование и наука , Никола Тодоров, Евроамбасадорот, Ерван Фуере и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ректорот на ДУТ, проф. д-р Агрон Река, пред присутните, им се заблагодари на сите тие што беа ангажирани за реализација на овој проект. Посебна благодарност упати кон амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере, кој дал голем придонес во унапредувањето на демократските процеси во нашата земја, и за интеграцијата на Република Македонија во евроатланските структури.

„Овој објект е подигнат со големи залагања и труд и опфаќа површина од 3250 м², во кој состав има 5 сали за настава, библиотека, 2 лаборатории, 20 кабинети за потребите на академскиот кадар, и други канцеларии за потребите на администрацијата на факултетот.

Министерот за образование и наука на Република Македонија, Никола Тодоров, во неговиот поздравен говор, се осврна на човечките ресурси, додавајќи дека: „Македонија нема извори на нафта, руда за дијаманти и многу други нешта, но ние го имаме потенцијалот на знаењето“. Министерот Тодоров, исто така ги советуваше студентите да учат, да бидат активни и да конкурираат во големото академско европско семејство на знаењето.

Амбасадорот Ерван Фуере, во својот поздравен говор се фокусира на европската перспектива на Македонија, со посебен акцент на научниот профил, со што на студентите на овој факултет им пожели многу успех, со цел да бидат еднакви со нивните европски врсници.

Присутните во ова свеченост ги поздрави и претседателот на Студентскиот парламент на ДУТ, Шабан Арслани, кој рече дека инаугурацијата на новата зграда на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана во Гостивар, во голема мерка ќе ја олеснува образованието на новите генерации и ќе ги подготвува новите кадри за идните предизвици.

Присутните во ова свеченост ги поздрави и Ректорот на Универзитетот во Тракија од Република Турција, проф. д-р Енвер Дуран, кој ја искажа спремноста на универзитетот кој го претставува да му помогне на Факултетот за прехранбената технологија и исхрана, на сите можни начини.

Во знак на почит и досегашната поддршка која ја искажале досега за ДУТ, Ректорот, проф. д-р Агрон Река, Благодарници им подели на претседателот на ДУИ, господинот Али Ахмети, на Министерот за образование и наука, Никола Тодоров и неговата заменичка, госпоѓицата Линдита Ќазими, како и на Ректорот на Универзитетот во Тракија, проф. д-р Енвер Дуран.

Факултетот за прехранбена технологија и исхрана, во моментот има две студиски програми за прехранбената технологија и студиската програма за исхрана, додека наскоро се очекува и акредитирањето на новата студиска програма за земјоделство. Во рамките на факултетот ќе се изградат и современи лаборатории за анализа на храната, кој ќе стане референтна лабораторија, со цел да стане важен центар за анализа на разни прехранбени продукти.

Вреди да се нагласи дека Амбасадорот на ЕУ, Ерван Фуере, по завршувањето на оваа активност, во просториите на Факултетот во Гостивар одржи работна средба со ректорот на ДУТ, проф. д-р Агрон Река, проректорот за настава, проф. д-р Исмаил Ахмеди и раководителот на Канцеларијата за меѓународна соработка, Шефик Шеху.

Во оваа заедничка средба беше разговарано за продлабочување на соработката помеѓу ДУТ и институциите на Европската унија, со цел хармонизација на студиските програми. За дадената поддршка на ДУТ, Ректорот, проф. д-р Агрон Река, на Амбасадорот Ерван Фуере му подари слика, дело од академскиот сликар Невзат Кица, професор на Факултетот за уметности на Државниот Универзитет во Тетово.


Канцеларија за информирање - ДУТ
Контакт: press@unite.edu.mk
044-356-500, лoкaл 542
|