Вести:

 

Со Програмата Еразмус, уште 13 студенти на ДУТ, еден семестар ќе студираат во европските универзитети

 

Денешниот ден претставува значаен датум за Државниот универзитет во Тетово. ДУТ како единствен универзитет во Македонија продолжува со активности за мобилност на студентите во рамките на Програмата ЕРАЗМУС, која претставува најмасовна и нај престижна програма за мобилност во Европа, со повеќе од 2 милиони размени на студенти, од нејзиното основање, во 1987 година.

 


Советникот за меѓународна соработка на ректорот на ДУТ, Д-р Башким Зибери, по овој повод изјави: „Ја промовираме втората група на студенти од ДУТ, кои ќе поминат еден семестар во некој од европските универзитети во рамките на оваа програма. Станува збор за 13 студенти од различни факултети, кои ќе одат на 4 (четири) европски универзитети (Словенија, Унгарија, Полска и Австрија). Студентите се избрани врз основа на конкурсот објавен во ноември 2009 година, а истовремено треба да се нагласи дека, меѓу избраните студенти е почитувана половната и регионалната припадност, значи, студенти од сите градови, од каде се повеќето од студентите на ДУТ“.

 


Советникот за меѓународна соработка на ректорот на ДУТ, Д-р Башким Зибери, обраќајќи им се на избраните студенти во втората фаза на Програмата Еразмус, исто така рече „Веруваме дека оваа можност, што во моментов ја имаат само студентите на ДУТ, вие ќе го искористувате максимално, поради стекнување нови знаења од студиските области на кои припаѓате, но истовремено тоа ќе биде ново искуство за вашиот живот и иднина, во обединета Европа, дел на која се надеваме дека ќе бидеме и ние“.

 


Координаторот на Програмата Еразмус во ДУТ, Валон Абдиу, ги известуваше студентите дека идната недела ќе се враќаат двајцата студенти на ДУТ, кои зимскиот семестар го завршиле во Универзитетот на Мурсија во Шпанија.

 

Канцеларија за Информирање - ДУТ
Контакт: e-mail: press@unite.edu.mk
044-356-500, локал 542

 

 

 

ISO 9001 - 2000