Вести:

 

Едно убаво патување на студентите од Студиската програма за македонски јазик и литература

 


            Студентите од Студиската програма за македонски јазик и литература, на 7 и 8 мај 2010 г., заедно со своите професори беа на едукативна екскурзија низ Источна Македонија. Патувањето започна со посета на Старо Нагоричане, село на север од Република Македонија, и на црквата ,,Св. Ѓорѓи“ која датира од XIV век. Потоа беше посетен археолошкиот локалитет Кокино, стара мегалитска опсерваторија. Со љубезноста на оние коишто работат околу откривањето и дефинирањето на оваа опсерваторија, и со непосредниот поетски збор на познати македонски актери, на студентите им беше предочено значењето на ова откритие и тие имаа можност да ги забележат феномените што ги нуди Кокино.

 


       Своето возбудливо патување го продолжија во Штип, град во источниот дел од Република Македонија. Градот под Исарот ги има лековитите сили на бањата Кежовица,  како и урнатините на античкиот град Баргала.

 


       Патувањето заврши во Струмица, град во југоисточниот дел на Република Македонија. Студентите ја посетија манастирската црква посветена на светецот Леонтиј, која се наоѓа во селото Водоча. Постои една  легенда што зборува за името на селото во кое се наоѓа црквата. Таа се поврзува со времето кога војската на македонскиот цар Самоил била поразена од византискиот император Василиј II, по што биле ослепени       14 000 Самуилови војници. Поради ова ,,Вади-очи”, селото го добило името Водоча. Ова убаво патување заврши со посета на манастирот „Св. Богородица - Вељуса“.

 

 

Канцеларија за информирање

 

 

ISO 9001 - 2000