Вести:

 

Проф. д-р Агрон Река се избра за Ректор на ДУТ

 

Сенатот на Државниот Универзитет во Тетово, на одржаната седницата на 21.1.2010 година, со тајно гласање за Ректор на Државниот Универзитет во Тетово, за наредниот четиригодишен мандат го избра досегашниот вршител на должноста ректор, проф. д-р Агрон Река.

 


Сенатот на ДУТ, во почетокот на денешната седница избра Изборна комисија, во состав: доц. д-р Фатби Османи, претседател, доц. д-р Хајри Зиба и доц. д-р Ферат Полиси, членови. По утврдувањето на точниот број на членовите на Сенатот присутни во седницата, и утврдувањето на единствената кандидатура за ректор на ДУТ, членовите на Сенатот со тајно гласање, за Ректор на ДУТ за наредниот четиригодишен мандат, 2010 – 2014 година, го избрале досегашниот вршител на должноста ректор на ДУТ, проф. д-р Агрон Река. За избор на проф. д-р Агрон Река за Ректор на ДУТ гласале вкупно 16 членови на Сенатот, присутни во седницата, без ниеден глас против или воздржан.

 


Претходно, седница одржи и Ректорската управа на ДУТ, кој констатираше дека се исполнети сите законски услови за избор на ректор на ДУТ, и дека за оваа функција има само една кандидатура, таа на досегашниот вршител на должноста ректор на ДУТ, проф. д-р Агрон Река, бидејќи другиот кандидат, проф. д-р Агим Вела, претходно не учествувал во понатамошната трка за Ректор на ДУТ.

 


Според ректорот Река, негов главен предност во раководењето на ДУТ ќе биде ”унапредувањето на академскиот кадар за ефикасна примена на современите интерактивни методи за предавање, привлекување на талентирани студенти со висок потенцијал на знаења стекнати во средното образование.

 

 

Меѓу приоритетите на ректорот проф. д-р Агрон Река е завршувањето на изградбата на новите објекти на факултетите на ДУТ, завршување со изградба на објектот на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана во Гостивар, завршување со изградба на објектот на Правниот факултет и Економскиот факултет во Тетово, како и започнувањето за подготвување на техничкиот проект за изградба на кампусот на ДУТ во Тетово.

 


Важно значење проф. д-р Агрон Река ќе им посвети и на меѓународната соработка, и тоа преку учество во програмите: Темпус, Ерасмус, Сократес и други.

 

 

 

Канцеларија за информирање – ДУТ,
Контакт е-маил: press@unite.edu.mk
044-356-500, локал 542

 

 

ISO 9001 - 2000