Посетата на ДУТ, шлаг на средбите на првиот турски дипломат Давутоглу
Во рамките на дводневната посета на Република Македонија, министерот за надворешни работи на Република Турција, Ахмет Давутоглу, во четврток на попладневните часови, престојуваше во Државниот Универзитет во Тетово.

Во отсуство на Ректорот, Проф. д-р Агрон Река, кој се наоѓа во работна посета во Финска, првиот дипломат на Турција, беше пречекан од страна на Проректорот за настава, Проф.д-р. Исмаил Ахмеди и проректорот за наука, Доц.д-р. Решат Ќаили.
.JPG)
Турскиот министер, на состанокот кој го реализираше со раководството на ДУТ, изјави дека и покрај тоа што е многу уморен од многуте средби и посети, посетата во Државниот Универзитет во Тетово, е многу значајна за него.
.JPG)
„Ова посета на универзитетот на албанците во Македонија е шлагот на сите средби што сме ги имале во Република Македонија. Помеѓу вас се чувствувам многу почестен и ви ветувам дека и во иднина ќе бидам посветен и во иднина, а со задоволство во иднина би одржал и предавање пред студентите на ДУТ„, истакна министерот Давутоглу.
.JPG)
Високиот турски дипломат, исто така истакна дека турската влада, но и тој лично се чувствува многу близок со албанците, и вети дека максимално ќе се ангажира за помагање на албанците, во сите сегменти на животот. „Имаме чувства на многу блискости со албанците. Се чувствувам многу близок со албанците и спремен сум да помогнам во сите полиња„, истакна министерот за надворешни работи на Република Турција, на средбата со раководството на ДУТ„.
.JPG)
Проректорот за настава на ДУТ, проф. д-р Исмаил Ахмеди, изрази благодарност за посетата на турскиот министер, и го запозна со досегашната соработка која ДУТ, ја има со разните турски универзитети. „Иако посетата е кратка, сепак е многу значајна, бидејќи е отворена и силна поддршка за ДУТ, рече проректорот Ахмеди, додавајќи дека самиот академски, научен и интелектуален авторитет на министерот Давутоглу, како и неговото влијание, не само во турската држава, но и во регионот и пошироко, има свои влијание и во нашата држава.
.JPG)
На крајот на средбата, проректорот Исмаил Ахмеди, на министерот Давутоглу, му ја врачи плакетата на Универзитетот, една слика изработена од студентите на факултетот за Уметности, како и една негова авторска книга, за арапските документи во Косово.
.jpg)
На крајот на средбата, соговорниците, оценија, дека ова посета во ДУТ, ќе придонесува за понатамошно зајакнување на односите помеѓу ДУТ, и универзитетите од Република Турција.
Канцеларија за Информирање - ДУТ.
Контакт: e-маил: press@unite.edu.mk
044-356-500, локал 542 |